РЕЦЕПТИ 6

РЕЦЕПТИ 6

Мусака од спанаќ и компир

Потребни состојки:

2 кг спанаќ

1 кг компир

2 павлаки

3-4 чешниња лук

Подготовка

Компирот се лупи, се сече на големи парчиња и се вари само 10 минути со сол. Убаво се чисти спанаќот.

Во намрсено тавче се реди ред изгмечен компир, ред свеж спанаќ, па сечкани лукчиња.

Се става по 2 реда, да заврши со спанаќ. Одозгора се посолува со сол и мешан сув зеленчук.

Со попрскува со маслиново масло и се пече 40 минути во загреана рерна.

Се вади од рерна, се прелива со матена кисела павлака. Се сече како торта и така се сервира.

Праз со суви пиперки

Потребни состојки:

масло
3-4 страк
ови праз
3-4 суви пиперки
 (лути или благи, според вкус)
црн пипер
црвен пипер

Начин на подготовка:
3-4 стракови праз исечете ги на кружни парчиња и ставете да се пржи на зејтин на среден оган. Сувите пиперки исечете ги на парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот, пропржете ги заеднo сo празот и посипете ги сo црвен и црн пипер. Се сервира самостојно или како гарнир со пржено или печено месо, варен ориз, макарони, пире oд компири или салата!

Бурек пиперка

Потребни состојки:

10 црвени пиперки капија

½ кг урда

Бешамел сос за палачинки (1 јајце, 2 лажици брашно, малку млеко и сол)

Подготовка

Црвените пиперки се печат и се лупат, и им се вадат семките. 4 пиперки се сечкаат и се мешаат со урдата. Ако урдата не е солена, се посолува. 6 пиперки се полнат со смесата. Секоја пиперка се затвора со парченце леб, се става во бешамел сос и веднаш се пржи на врел зејтин до зацрвенување. Се препорачува да се јадат топли. Со ова јадење се препорачува салата од црвен домат со кромид и магдонос.

Ќофтиња во рибарски сос

Потребни состојки:

500 г мелено месо

2 јајца

1 поголем компир

1 главица кромид

сол, мешан сув зеленчук, бибер

За сосот

3-4 домати

3-4 чешниња лук

магдонос

1 лажица брашно

Подготовка:

Во длабок сад се ренда претходно излупен компир, на ситно со ренде. Врз него се ренда кромидот. Се додаваат двете јајца, месото и сите зачини. Убаво се меша со рака, за да се добие хомогена смеса. Се прават кругли ќофтенца и се пржат на загреан зејтин. Се ставаат на страна. Во истата тава се става брашното и слабо се запржува. Се додаваат изрендани доматите, лукот и магдоносот. Се пропржува и се залева со 300 г вода. Се остава да врие 5-10 минути и се додаваат ќофтенцата. Се исклучува, се покрива со капак и се остава до ладење на ринглата. Се служи со печени пиперки зачинети со лук и магдонос.

Свинско со туршија

Потребни состојки:

Свинска кртина, 1 кг за 4 лица

200-300 г мешан зеленчук од туршија (краставички, морков, зелен домат, карфиол, пиперка и др.)

Подготовка

На врел зејтин се става свинска кртина, исечкана на коцки да се пржи. Убаво се пржи до зацрвенување и се додава туршијата. Внимателно се посолува бидејки туршијата е солена. Се пржи додека целата маса не омекне.

Италијански леб со рузмарин

За овој рецепт потребно е:

225 г брашно

½ лажиче сол

ќесичка инстант сув квасец

4 чешниња лук, ситно сечкан

исечкани иглички од 2 гранчиња рузмарин

по желба 10 црни маслинки, крупно сечкани и без семки

1 лажица маслиново масло

За прелив и посипување

6 лажици маслиново масло

2 лажички крупна сол

иглички од едно гранче рузмарин

Подготовка

Во голем сад мешаме брашно, сол, квасец, лук, рузмарин и по желба маслинки. Во средината правиме вдлабнување и додаваме маслиново масло и 150 мл топла вода, мешаме и приготвуваме меко тесто. Тестото го месиме 10-15 минути, го ставаме во намастен сад, го покриваме со намастена проѕирна фолија или со крпа, и го оставаме на топло 45 минути двојно да нарасне. Го превртуваме тестото на работната површина и повторно лесно го месиме, а потоа го развлекуваме во круг со дебелина од околу 1 см. Тестото го ставаме на намастен плех и лесно го покриваме со намастена проѕирна фолија или крпа, и повторно го оставаме 25-30 минути да нарасне. Рерната ја загреваме на 200 степени. Со прстите правиме вдлабнатини по цело тесто, го посипуваме со 2/3 од маслиновото масло, рузмарин и сол. Печеме 25 минути да се зацрвени. Кога ќе го чукнеме од долната страна, треба да даде шуплив звук. Го вадиме на металната решетка и го посипуваме со остатокот од маслиновото масло.

Колач со тиква
(ор
игинален назив: Loretta Hoffmans Pumpkin Bread)

Мерна единица: шолја за чај
Време на подготовка: 10 минути
Време на печење: 40-60 минути

Потребни состојки:
– 1 шолја динстувана и испасирана тиква
– 1/3 шо
лја вода
– 1/2 шо
лја зејтин
– 1/2 шо
лја сечкани ореви
– 2 шо
лји брашно
– 1,5 шо
лја шеќер во прав
– 1 кафена лажичка сода бикарбона
– 1 кафена лажичка сол
– 1 кафена лажичка мускатно оревче и/или цимет
– 2 јајца

Се матат јајцата, па се додава: шеќерот, зејтинот, сувите состојки, тиквата и на крај водата.
Се става смесата во подмачкан калап за печење.
Се пече на загреана рерна на 180 степени.
По печењето се покрива со крпа и се остава да се олади.
Се ослободуваат краевите на колачот од калапот и се превртува.
По желба се декорира.
Добар 
апетит!