РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

Респираторните инфекции може да бидат во горните или во долните делови на дишните патишта:
Горни респираторни инфекции најчесто се на носот (ринитис), грлото (акутен фарингитис), зголе- мен трет крајник (аденоид), воспа- ление на крајниците (тонсилитис), воспаление на синусите (синуситис). Овие инфекции може да бидат акутни или хронични (на пример, по 3 месеци инфекција на синусите се смета за хроничен синуситис).

Долни респираторни инфекции се ларингит, трахеит, бронхит, бронхопневмонија и сл.

Инфекциите на дишните патишта обично се предизвикани од бакте- рии (грам + или грам – бактерии), од вируси, а во последно време сè по- често се обвинуваат и хемиските агенси (аерозагадувањето) и пуше- њето, било да е активно или па- сивно. Пушењето особено штетно делува кај помалите деца и кај децата во пубертет.
Начинот на пренесување на респи- раторните инфекции најчесто е преку воздухот, т.е. аерокапково, особено присутно во градинките и школите.
Симптомите кај горните дишни па- тишта се во вид на кивање, каш- лање, болки во грлото, особено при голтање, главоболки, намален апетит, покачена температура. Кај инфекциите на долните дишни па- тишта најчесто се јавува малакса- ност, сува или влажна кашлица, отежнато дишење, бледило, пока- чена температура и сл. (честопати отежнато дишење може да се јави кај енормно зголемен трет крајник).

Најдобра превенција кај овие ин- фекции е следење на детето од страна на родителот, т.е. детето да се хидрира со внес на течности, проветрување на просториите за престој, прошетки на чист воздух, консумирање здрава храна (повеќе овошје, зеленчук и протеини за правилен развој), одржување лична хигиена, соодветна облека. За преземање на поагресивни ме- тоди т.е. вадење на крајниците, треба да има оправданост, бидејќи до 12-годишна возраст тие учеству- ваат во создавање на имунитетот. Вадењето пак на третиот крајник, ако мора, најпогодно е да се изведе по 5-6-годишна возраст, бидејќи може да се јави рецидив, односно може повторно да се обнови. На крај лекувањето на бактериските инфекции ни го овозможуваат анти- биотиците, а вирусните инфекции се третираат со симптоматска терапија, добра нега и следење на детето. За да имаме здрави деца полни со дух, т.е. да имаме здрави ге- нерации потребна е правилна процена и соодветен третман на болеста.

Повеќе од 60% од сите инфекции во детската возраст, од раѓањето, па сè до пубертетот, припаѓаат на респираторните инфекции.

прим. д-р Нада Смоковска

КОЈ ПИЈАЛАК Е НАЈДОБАР ЗА БОЛНОТО ДЕТЕ?
Една од најважните работи како да му се помогне на болното дете е да се обезбеди тоа да внесува до- волна количина течности. Водата е од најголемо и не- проценливо значење за здравото дете, а за болното дете често е позначајна и од лековите. Водата во ор- ганизмот го обезбедува транспортот на хранливите материи и кислород во клетките и исфрлањето на отпадните материи и јаглеродниот диоксид.

ЗОШТО ДЕТЕТО КОГА ИМА ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА ТРЕБА ДА ПИЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ?
Кога детето има вирусна инфекција, потребно е да го надополни губито- кот на телесни теч- ности. Зголемената температура, која често се јавува при инфекциите, го зго- лемува испарува- њето на водата од телото, но и го за- брзува метаболиз- мот, со што се зголемува потро- шувачката на во- дата. За болното дете, без дилема, водата е најдобриот пијалак, при тоа треба да се вни- мава да пие умерено топла вода во мали голт ки. Никако не треба да се пијат газирани течности. Од лимонадите најдобри се оние од цитрусните овошја (портокал, лимон, цитрон) кои се богати со витамин Ц. Се разбира дека температурата на детето се нама- лува со лекови (антипиретици) како и со разладу- вање, но сепак внесот на водата е од непроценлива важност за нормализирање на температурата.