Ретчење на коса

Ретчење на коса

Прв симптон за стареење на влакното.

Со текот на годините косата почнува да го губи својот волумен и густина. Прифатлив дневен опсег на загубена коса се смета се што влегува во границите од 50 до 100 влакна. Секое изгубено влакно плус, го најавува стареењето на косата што честопати може да биде забрзано под дејство на слаба исхрана, стрес, здравствена состојба или наследен фактор. Ако косата станува се поретка, размислете да го смените и пристапот на нега. Не користете премногу производи и одбирајте благи формули. Дури и бебешките шампони се опција.

Лакот и гелот за коса се најголеми непријатели.

Тие се најголемите непријатели за волумнеот на косата, а замотаната и цврсто врзана коса е траума која води до ретчење и кршење на влакното. Во многу случаи ретчењето на косата може да се спречи во домашни услови, се зависи од причината што ја поттикнала промената, но не ризикувате ништо ако:

Редовно го масирате скалпот

Додека ја миете косата, со врвот на прстите (не со ноктите) нежно притискајте го скалпот изведувајќи кружни движења, за да поттикнете циркулација на скалпот. За уште повеќе придобивки, обидете се со рачен масажер за скалп, па така ќе ги отстраните и мртвите клетки од кожата на главата.

Го негувате скалпот со етерични масла

Маслото од лаванда е едно од најкористените есенцијални масла за третирање косопаст. Дури постојат и научни студии, изведени врз животни, кои ја потврдуваат неговата ефикасност. Лавандата често се комбинира со други масла, како оние од рузмарин и мајчина душица, бидејќи така е уште поефикасно. Ако не сте алергични на кое било есенцијално масло, обидете се барем еднаш неделно да го масирате скалпот.

Користете шампон против опаѓање

Доброто кај овие шампони е тоа што делуваат на два начини. Прво, го зголемуваат волуменот што е одлично за да ја камуфлирате тенката и слаба коса. Второ, содржат витамини и аминокиселини кои промовираат здрав скалп. Секогаш користете ги според приложеното упатство.

Пиете мултивитамини

Во случај на неухранетост или нарушување во исхраната, се случува фоликулите да не создадат нова коса. Преку крвна анализа лесно се утврдува недостигот од хранливи материи или дефицит на конкретен витамин или минерал кој поттикнал опаѓање на косата.

Здравата коса има портеба од железо, фолна киселина и цинк за да расте и да ја задржи својата густина. Но, ако преку исхраната ги внесувате сите неопходни хранливи материи, дополнителниот внес на суплементи нема да направи разлика во однос на ретката коса.

Најефикасните хранливи состојки против косопаст

Фолната киселина поттикнува обнова на клетките на скалпот. Низа студии сугерираат дека дефицитот на фолати води до одредени типови на опаѓање на косата. Биотинот или витаминот Б7 природно се среќава во јаткастите плодови, леќата и телешкиот џигер. Ако јадете урамнотежена храна малку е веројатно да се соочите со дефицит од овој витамин од кој зависи растот на косата. Во секој случај, имате на располагање додатоци с обиотин кои во никој случај не смеат да се комбинираат со додатоци на витамин Б5. Кога се земаат заедно, тие можат да си ја намалат ефикасноста еден на друг.

Омега-3 и омега-6 масните киселини се есенцијални од причина што организмот не може сам да ги произведе. Омега-3 масните киселини му помагаат на телото да се избори со воспалителните процеси вклучувајќи ги оние кои поттикнуваат опаѓање на косата. Од друга страна, омега-6 е важна за целокупното здравје на кожата вклучувајќи го и скалпот.

Чешлајте се што понежно!

Чешлањето му годи на скалпот, бидејќи поттикнува циркулација, но истовремено претставува хорор за влакното. За да задржите што повеќе коса на главата, а што помалку на четката, задолжително користете чешел со широки запци за расчешлување и четка со запци за сјај и свиленкав ефект. Додека косата е мокра, користете го чешелот за да ги отплеткате врвовите – тегнете во должина максимум 5 сантиметри. Користете спреј за расплеткување на косата. штом патот е прооден, чешлајте од коренот до врвовите со еден потег со помош на четката за да добиете сјај.