Рижото со аспарагус

Рижото со аспарагус

Потребни состојки:

  • 1 китка свеж аспарагус
  • 6 чаши пилешка или зеленчукова супа
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мал кромид, ситно сечкан
  • 2 чешниња лук, столчени
  • 300 г ориз – арборио
  • 1/2 чаша суво бело вино
  • 1/2 чаша рендан пармезан
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Отстранете ги тврдите краеви од аспарагусот, па исечкајте ги стапчињата на парчиња од 1-2 см. Варете го аспарагусот во зовриена вода 2-3 мин. додека парчињата не станат светлозелени и малку меки. Исцедете ги и оставете ги настрана. Во тенџере ставете ја супата да се загрева на тивко. Во тава пржете ги кромидот и лукот на загреано маслиново масло, а штом омекнат додајте го оризот и пропржете го 2-3 мин. со постојано мешање. Истурете го виното и продолжете да мешате. Започнете да ја додавате топлата супа во тавата, 1 по 1 лажица, често мешајќи. Дозволете оризот да ја апсорбира супата пред да сипете одново. Продолжете со овој процес додека оризот не стане кремаст и нежен, но сепак малку цврст (ал денте), околу 18-20 мин. Во текот на последните 5 мин. од готвењето, измешајте ги бланшираните парчиња аспарагус. Сипете го ренданиот пармезан додека не се стопи и додека добро се соедини. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.