Потребни состојки:
- 500 г несолена урда
- 5 лажици брашно
- 3 јајца
- 2 лажици јаворов сируп или мед
- 1 ванилин шеќер
- 100 г суво грозје
- масло за готвење
- рендана кора од лимон
- прстофат сол
- 1 кесичка прашок за печиво
- слатко од јагоди
- 200 г грчки јогурт
Подготовка:
Јајцата ставете ги во сад, изматете ги, па ставете ги урдата, сувото грозје, јаворовиот сируп, солта и прашокот за печиво. Изматете со жица, па сипете го брашното за да добиете густа смеса. Формирајте мали топчиња од тестото, па ставете ги во ладилник 20 мин. Пржете ги сиринките во тефлонско тавче, сосема малку премачкано со кокосово масло, како кога правите американски палачинки. Послужете ги со топка грчки јогурт и слатко од јагоди.