Салата од свежа праска и киноа

Салата од свежа праска и киноа

Потребни состојки:

  • 1 шолја киноа
  • 2 зрели праски
  • 1 шолја листови беби спанаќ
  • 1/4 чаша фета сирење
  • 1/4 шолја бадеми
  • 1/4 чаша црвен кромид
  • 1/4 чаша свежо нане

Состојки за дресинг:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка Дижон сенф
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Исплакнете ја киноата под ладна вода и ставете ја да се вари во 2 чаши вода. Штом зоврие, варете ја на тивко околу 15 минути додека да се впие водата. Сварената киноа тргнете ја настрана добро да се олади. Во меѓувреме, подгответе го дресингот мешајќи ги сите состојки во мал стаклен сад. Во длабок сад за салата измешајте ги сварената киноа, праските исечкани на коцки, младиот беби спанаќ, распарченото фета сирење, тостираните сечкани бадеми, тенко исечканиот црвен кромид и исечканото свежо нане. Прелијте го преливот врз салатата и нежно измешајте да се соедини. Пред да ја послужите салатата, оладете ја во фрижидер околу еден час за да се спојат вкусовите.