Потребни состојки:
- 3-4 чаши листови свеж спанаќ
- 1-2 чаши свежи јагоди
- 1/2 чаша распарчено фета сирење
- 1/4 шолја бадеми
- 2 лажици оцет балсамико
- 1 лажица ладно цедено маслиново масло
- 1 лажичка мед
- сол и црн пипер по вкус
Подготовка:
Листовите спанаќ измијте ги под ладна вода и исушете ги со чиста кујнска крпа. Измиените јагоди исечкајте ги на тенки кругови. Тостирајте ги исечените бадеми во тефлонско тавче додека не станат златнокафени. Во голема чинија за салата нежно измешајте ги спанаќот, јагодите и сирењето. Во мал сад изматете гои оцетот балсамико, маслиновото масло, медот, солта и црниот пипер. Прелијте ја салатата со дресингот, а озгора расфрлајте ги оладените бадеми.