Потребни состојки:
- 1 лажичка маслиново масло
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка бел вински оцет
- 1 зелена салата
- 50 г слатка пченка, исцедена
- 5 чери домати преполовени
- 75 г пилешко месо подготвено на грил тава или скара
- цеден сок од зелен лимон
- 1/2 мало авокадо, излупено и исечкано
- 1 рака тако чипс или пченкарна тортилја искршена на парчиња
Подготовка:
Најпрво подгответе го преливот така што ќе го промешате маслиновото масло со павлаката и оцетот. Добиената смеса ставете ја во ладилник. Во длабок сад за салата стевете ја зелената салата, а озгора распоредете ги пченката, доматите и пилешкото месо. Настрана, згмечето го авкоадото со виљушка заедно со сокот од лимета, па додајте го во салатата. Сипете го преливот, а најгоре расфрлете го такото.