Грипот и настинката се заразни респираторни заболувања, и се една од најчестите причини за посета на доктор и многубројни отсуства од работа и училиште во есенскиот и зимскиот период. И настинката и грипот се вирусни заболувања, но се разликуваат од предизвикувачот и симптоматологијата.
Настинката може да ја предизвикаат повеќе од 200 различни вируси, а меѓу нив најчести причинители се риновирусите и коронавирусите. Симптомите на настинката се благи и вклучуваат: затнат нос или течење на воден секрет од носот, кивање, болка во грло, главоболка, благо покачена температура (почесто кај деца).
Грипот е предизвикан само од инфлуенцата на вирусот. За разлика од настинката каде симптомите се појавуваат постепено, грипот започнува наеднаш. Симптомите се поинтензивни и вклучуваат: треска, висока телесна температура над 38°С (неколку денови), главоболка, замор, мускулна болка, кашлица, исцедок од нос, болки во грло. Грипот може да предизвика и сериозни компликации, кои во голема мера може да се превенираат со вакцината против сезонски грип.
Превенцијата на настинката и грипот вклучува:
- Често проветрување на просториите
- Избегнување на контакт со луѓе кои се болни (киваат, кашлаат или имаат покачена телесна температура)
- Миење на раце и употреба на средства за дезинфекција
- Правилно хигиенско-диететски режим (здрава исхрана, физичка активност, време за одмор и сон)
- Внесување на мултивитамински препарати, како и свежи намирници богати со витамини и минерали
Исхраната игра важна улога во ублажување на симптомите или пак во нивна превенција.
Со внимателен избор на одредени намирници можеме да влијаеме и на имунолошкиот систем.
1. Пробиотици
Тоа се живи микро огранизнми кои внесени во адекватна количина имаат поволно дејство по здравјето. Системот за варење се смета за најголем имунолошки орган каде пробиотиците служат за воспоставување на рамнотежа на микрофлората ,а тоа го спречува влезот на патогените. Зимно време киселата зелка е главен извор на пробиотски бактерии од типот lactobacillus plantarum. Исто така се препорачува и ферментирани млечни производи како јогурт и кефир кои се извори на ацидофили и бифидобактерии.
2. Пребиотици
Тоа се несварливи состојки од храна кои поволно влијаат на организмот бидејки селективно го стимулираат растот на одреден број на бактерии. Овесот и јачменот содржат бета – глукани, а лукот и бананата имаат пребиотик инулин.
3. Антиоксиданси
Цитрусите (лимон, портокал, мандарина, грејпфрут) и зелениот чај, се силни извори на антиоксиданси. Нападите од вируси и бактерии предизвикуваат стрес за организмот и прекумерно се создаваат слободни радикали при што настанува оксидативен стрес. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали. Најзначајни антиоксиданси кои можат да се внесат со храната или додатоците на исхраната се витаминот Ц ,Е , Цинк и Селен (присутни во јаткасти плодови), каротеноиди и полифеноли (флавоноиди). Исто така еден од најпознатите антиоксиданси Q10.
4. Лук
Извор е на органосулфурни супстанци како алицин кои има имуномодулаторно дејство. Затоа се препорачува негово редовно консумирање како свеж и во облик на капсули.
5. Пилешка супа
Оваа супа како помош при настинка не е мит, топлата супа го грее горниот дел на дишните патишта, го разредува слузот што се собира и го олеснува дишењето.
6. Мед
Медот е популарен поради антибактериското својство и неговата консумација ги снижува простагландините и има пребиотско дејство. За најдобро делување комбинирајте го со топол но не преврел чај.
7. Куркума
Куркуминот е активна состојка на куркумата, има антивирусно, антибактериско и противвоспалително својство. Секое утро половина лажичка може да се меша со млеко или вода.
Аптека Биофарм Штип
Аптека Биофарм се наоѓа во Штип. Посветеното работење на искусните фармацевти директно придонесува за целосна и редовна снабденост со комерцијални лекови и лекови од позитивната листа. Покрај големата палета на продукти, во аптека Биофарм можете да добиете и професионални совети за подобрување на вашето здравје.
За повеќе информации поврзани со локација, контакт и работно време на PlusPharma Аптека Биофарм – Штип, можете да дознаете тука.