Хипертензија или добро позната состојба на покачен крвен притисок е една од најчестите патолошки промени кои доведуваат до срцев инфаркт, мозочен удар, срцева слабост, и е главна причина за прерана смрт на светско ниво.
Хипертензијата може да е асимптоматска
Но кај најголем број од лицата кои страдаат од оваа патологија започнува со појава на јака главоболка, често крварење од нос, замор, вртоглавица.
Голем дел од пациентите кои страдаат од оваа болест ја имаат генетски наследено, но случајот не е таков кај сите. Кај голем дел од лицата кои страдаат од покачен крвен притисок причината е применување на нездрав животен стил, како на пример пушење, обезност, консумирање на алкохол, физичката неактивност и нездрава/брза храна.
Оптималните вредности на крвниот притисок се движат во границите од 120mmHg за систолен и 80mmHg за дијастолен крвен притисок..
При дефинирање на вредностите на крвниот притисок многу е важно мерењето да се врши прецизно, односно раката да биде поставена во висина на срцето, да не се зборува додека се мери и апаратот за мерење да биде на рамна подлога, а пациентот да биде во мирување најмалку 5 мин.
Третманот на хипертензијата неопходно е да вклучи промена на животниот стил, односно корекција на режим на исхрана. Намалена или целосно исклучена конзумација на минерални пијалоци, алкохол и брза храна, намален внес на сол, а наместо тоа диета со храна богата со овошје и зеленчук, при што преку намалување на телесната тежина делува и на хипертензијата.
Стресот е еден од водечките фактори за појава на оваа состојба. Со едноставна промена на некои навики може да се намали и да се делува навремено.
Лукот како кралска намирница во нашите домови може да го намали крвниот притисок.
Исто така внесот на препарати и суплементи кои содржат црвен ориз и крилово масло делуваат на намалување на високите нивоа на холестерол и триглицериди во крвта, а со тоа го нормализираат крвниот притисок и го штитат организмот од срцеви болести и срцев удар.
Аптеки Еликсир – Струмица
Аптеки ЕЛИКСИР се основани во 1993 година. Издаваат лекови на рецепт, пелени со потврда, широк асортиман на медицинска козметика, бебе програм и ОТЦ производи. Меѓу другото, во аптеки Еликсир постојат и можности за мерење на шеќер во крвта и крвениот притисок, одредување на типот на кожата.
Професионалиот и високо обучен кадар, кој е на располагање на пациентите со стручни совети за нивното здравје исто така произведува и магистрални производи по пропишан рецепт и по сопствени рецептури.
За повеќе информации поврзани со локација, контакт и работно време на PlusPharma Аптека Еликсир – Струмица, можете да дознаете тука.
Сите новости, промоции и известувања поврзани со Аптеките Еликсир може да ги следите на нивниот: