СЕЗОНАТА НА ВЛЕКАЧИТЕ Е ВО ТЕК, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ

СЕЗОНАТА НА ВЛЕКАЧИТЕ Е ВО ТЕК, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ

Секоја година статистиката бележи стотици каснувања од змии во Македонија. Мај, Јуни и Јули се месеците кога незгодите од каснување се најбројни. Токму ова е периодот кога овие опасни влекачи се будат од фазата на хибернација и ја започнуваат својата активност на површината од земјата

Будење од зимскиот сон

Хибернацијата започнува некаде  од 15 октомври, а од 15 март до 1 април е  периодотна излегување, во зависност од тоа дали ноќните температури се под или над 8˚ Ц. Бидејќи немаат континуирана телесна топлина како луѓето,овие влекачи излегуваат на температура само ако истата е  над 8˚ Ц
Веднаш по излегувањетосе парат и интензивно се хранат. Главни на менито се  глувци, инсекти, птици и сл.Местата каде што се присутни змиите најчесто се територии каде нема болести. Го штитат здравјето на човекот и ширењето на заразните заболувања бидејки ги уништуваат и се хранат со заболени  инсекти , глодари и птици кои инаку би можеле да бидат пренесувачи на разни форми на заболувања.

Од каде доаѓа опасноста

Змијата никогаш не го напаѓа човекот без причина. Тие  едноставно обожаваат  да се сончаат,па опасноста е токму во моментте кога опуштени во нивната релаксацја можат да ни се најдат на патот и  да ги згазнеме без притоа да ги забележиме.Проблемот е уште поголем заради фактот дека бојата на змиите е најчесто идентична на околината и опкружувањето па со тоа и веројатноста да не ги забележиме е  уште поголема. Ненамерната средба претставува причина за одбрана а не директен напад.

Колку змиите од нашето поднебје можат да бидат кобни

Македонија е една од ретките земји каде според биодиверзитетот се регистрирани 16 видови на змии. Од нив само три се отровници.Поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат смоковите вдлабнаточелен и телескопус (мачји смок, мачја змија).

Од 0-2000 метри надморска височина живее поскокот, на поголеми височини се појавуваат шарките, а само на Шар Планина и Бистра (можно е да е присутна и на други планини во западна Македонија) може да се види степската лутица.

Во последните неколку години доста чести се случаите на појава на овие видови змии меѓу  луѓетои тоа  најчесто во населбите кои гравитираат околу реката Вардар. Најопсна меѓу нив е  европскиот поскок (Vipera ammodytes). Достигнува должина до 50-70 cm, исклучително ретко над 100 cm. На врвот на главата имаат специфичен израсток (“рогче”), по што многу лесно се препознава
Количината на отровот кој ќе заврши во жртвата  зависи од проценка на опасност во кое се наоѓа змијата.

Како да се однесуваме

Заради превенција во овој период бидете особено вниметелни доколку:

  • се шетате низ шуми, ливади, и обраснати полјани.
  • посебно внимание се препорачува на земјоделците и лицата кој работат на отворен терен, вршат ископи и сл.  Доколку е неопходно и  се наоѓате во вакви предели избегнувајте  носење на кратки панталониа на нозете носете длабоки чевли со цврста површина.

Сепак и доколку се случи да бидете нападнати и каснати, најважно е да останете прибрани и да не паничите.

  • Не се обидувајте да ја фатите, за да неве касне повторно.
  • Обидете се  да ја запаметите нејзината боја за да ја опишете во брза помош.
  • Не калкулирајте дали змијата е отровница или не. Задолжително посетете лекар.
  • Веднаш најдете начин да стигнете до најблиската медицинска установа за да добиете соодветен медицински третман. Не превземајте никакви други активности.
  • Немојте да го засекувате местото на каснувањето, за да го извлечете отровот, и немојте да правите  никакви слични манипулации кои сте ги гледале на филмовите, Може да предизвикате само дополнителни компликации.Ако се земе во предвид деканашите змии не се до толку отровни ке имате доволно време  да стигнете до најблиската болница или брза помош.