Што ја загрозува безбедноста на децата на интернет?

Што ја загрозува безбедноста на децата на интернет?

Тоа што вашите деца седат затворени во соба пред компјутер или на телефон не ги прави побезбедни отколку кога се надвор со своите врсници. Интернетот е крајно небезбедна средина и морате да бидете свесни за тоа – и вие и вашите деца.

За пристап на социјалните платформи е неопходно корисничко име и лозинка кои најверојатно вашите деца, особено ако се поголеми, не ги споделуваат со вас. Поради тоа, тие стануваат уште поранливи на манипулации. Но, колку и да сакате, не можете да контролирате сѐ! Во ред е да ја почитувате приватноста на вашето дете сѐ додека сте сигурни дека е свесно за опасностите што демнат онлајн.

Преран интернет пристап

Истражувањето во кое биле вклучени 825 возрасни и деца на возраст помеѓу 7 и 16 години, откри дека 1 од 8 родители му дозволува на своето дете да користи интернет уште на 2 години. Само 1 од 10 родители чека детето да наполни 10 или повеќе години пред да добие пристап на интернет – возраст што ја препорачуваат и експертите. Родители, воздржете се! Колку и да делува телефонот како оддишка и за вас и за детето, имајте на ум дека колку детето е помало, толку е поранливо.

Недостиг на родителски надзор

Ако консументот на интернет содржина има само 2 години, тоа не му дава право на родителот да се опушти и да му дозволи да го користи мобилниот без надзор. Надзор е неопходен сѐ до полнолетство! Помалите деца страдаат од кошмари поради вознемирувачки видеа, постарите деца ги демнат сексуални предатори – никој не е безбеден! Студиите покажуваат дека повеќе од 71 % од родителите ги оставаат своите деца да користат интернет без надзор штом наполнат 14 години. Шокантни 72 % од сите исчезнати деца, случаи кои започнале на интернет, вклучуваат деца на возраст од 15 години и постари.

Криење информации од родителите

И децата со нивното однесување го прават интернетот небезбедно место. Без оглед на родителските контроли и постојаната вмешаност, Фондацијата Kidsafe објави дека скоро 32 % од тинејџерите ја кријат или целосно ја бришат историјата на нивните прегледи на интернет. Скоро 16 % од тинејџерите имаат профили на социјалните медиуми за кои нивните родители не се ни свесни дека постојат. Честопати, децата лажат за своите години за да отворат свој профил со цел да привлечат внимание кај постарите деца.

Сексуални предатори

Светскиот центар за исчезнати и експлоатирани деца“ објави дека 15 % од децата на возраст помеѓу 10 и 17 години биле контактирани преку интернет од чисти сексуални побуди. Најверојатно, тоа биле обиди на сексуални предатори. Оваа статистика укажува на тоа дека возрасните и децата на интернет треба да ги користат истите мерки на претпазливост што ги преземаат кога ќе се соочат со странец лице в лице. Според Асошиеjтед прес, над 90 000 сексуални предатори биле откриени и отстранети од властите од платформата Myspace, некогаш популарна меѓу тинејџерите. Многу од овие предатори во моментов ја извршуваат својата затворска казна.

Сексуално поттикнување

Статистиките упорно покажуваат дека децата и тинејџерите најлесно потпаѓаат на сексуален поттик и тоа инициран од нивните врсници. Зад поголемиот број сексуални поттикнувања се кријат мажи на возраст од 18 до 55 години. Уште пострашно е што жртвите доброволно одат да се сретнат со овие предатори. Околу 26 % од сексуалните престапници дознале каде се наоѓаат нивните жртви користејќи ги информациите што жртвата сама ги споделила. Како што расте интернетот, расте и повикувањето малолетници за сексуално општење. Конкретно, поттикнувањето на сексуален чин преку интернет расте со стапка од 1 000 % секој месец!

Пријатели со тотални странци

Честопати, тинејџерите и возрасните се пријатели и комуницираат на Фејсбук со индивидуи кои никогаш не ги сретнале во живо. Тинејџерите се љубопитни и многу брзо развиваат доверба во непознатите, па затоа се спремни да се сретнат со нив. Една неодамнешна студија покажа дека
16 % од тинејџерите се на мисла да остварат физичка средба со некој непознат со кој разговарале онлајн, додека 8 % отишле до крај и ја оствариле таа средба.

Отворени профили

Една скорешна студија покажа дека 62 % од тинејџерите имаат приватен профил на социјалните мрежи. Информациите за 17 % од тинејџерите се јавно достапни за сите, а тука спаѓаат информации за тоа каде се, со кого се и како може да бидат контактирани.

onlajn buling

Експлицитни фотографии

Истражувањата покажуваат дека 1 од 7 тинејџери се има сликано гол или полугол, а половина од тие фотографии биле споделени со друго лице на интернет. Многу е важно да му укажете на детето дека сите споделени зборови и фотографии на интернет засекогаш остануваат таму и тогаш кога не можеме да ги видиме. Истите тие информации ги гледаат многу очи во позадина, а не само оние две за кои била наменета конкретната содржина.