Денешниот човек е во постојана борба да постигне се за кусото време што го има на располагање во текот на денот. А кога денот не е доволен, тука е ноќта. Ако и вие живеете со исто темпо, прашање на време е кога целосно ќе прегорите. Добрата организација делумно ќе ви го реши проблемот, но најмногу ќе си помогнете ако се потрудите да ги надополните енергетските резерви. за да го постигнете тоа, прво треба да отркиете што точно ви ја троши енергијата.
Не ручате правилно
Обилниот и здрав појадок е одличен за да се заситите и силно да го почнете денот, но погрешниот избор на ручек може да поттикне пад на енергијата особено ако работите до доцна. Најдобар показател е кризата за спиење што ви се случува попладне – истата настапува поради недоволен внес на протеини за време на ручек. Протеините се сигурен начин да ја одржите енергијата на високо ниво. Нутриционистот Роб Хобсон, автор на книгата „Kitchen Bible“, предлага ручек кој ќе биде во размер 1:1 – протеини во однос на јаглехидрати. На пример, салата од пилешко, авокадо и киноа е супер комбинација од протеини, здрави масти и јаглехидрати кои ќе ве држат енергични до крајот на денот.
Не спиете доволно
Ништо ново: недоволно сон во текот на ноќта резултира со умор во текот на денот! Но, не е доволно само да се наспиете 8 часа, квалитетот на сонот подеднакво влијае на енергетските нивоа. едно истражување објавено во весникот „Molecular Metabolism“ открива дека само една ноќ помината со прекини во спиењето предизвикува моментална резистентност на инсулин кај здравите луѓе. Тоа значи дека потребата за јаглехидрати убаво ќе се смести во вас некаде после пладне.
Истажувачите од Универзитетот во Единбург и Лабораторијата за молекуларна биологија во Кембриџ откриваат дека магнезиумот најдобро му помага на телото да раководи со циклусите на спиење. Резултатот? Ноќ помината во мирен сон. на телото му сеп отребни 300 мг магнезиум дневно што можете да го внесете преку консумација на листен темен зеленчук, но за квалитетен сон обезбедете сигурна доза преку суплемент и зголемете ја дозата на 375 мг.
Не сте доволно активни
Ако не вежбате доволно, вашата физичка енергија ќе потоне, што значи ќе имате нула мотивација за да правите што било. Норвешките истражувачи покажуваат дека физичкиот недостиг на енергија предизвикан од недоволна активност ја чини глобалната економија околу 55.5 милијарди фунти годишно. Секоја плус физичка активност што ќе одлучите да ја присвоите само ќе ве направи попродуктивни. вежбајте 30 минути пред 15:00 часот. Наместо пауза за ручек, одете на пуза за вежбање. Тоа не е изводливо за вас? Тогаш обидете се со кратки вежби од по 10 минути, за инстант подигнување на енергијата: 10 чучнувања, 7 склекови, 30 стомачни и по 10 боксерски скокови.
Што ви ја црпи менталната енергија?
Можеби имате недостаток на Б12
Недостатокот на витаминот Б12 во краен случај може да доведе до анемија, а кога сме анемични, истовремено сме без енергија. Доколку не го исполнувате дневно препорачаниот внес од 2.4 милиграми Б12, можете да и наштетите на менталната енергија. Вниманието и когнитивните функции значително се намалуваат при дефицит на витамин Б12. За да го зголемите внесот на Б12 во телото, а со тоа да му кажете збогум на менталниот умор, почнете да консумирате производи од животинско отекло. Зголемете го внесот на морски плодови, чисто месо и јајца. Не сте љубители на месо? Млекото, сирењето и јогуртот содржат голема количина Б12, а тука се и суплементите или витаминските коктели доколку сакате инстант решение.
Работите во несоодветна работна средина
Истражувањата покажуваат дека најлошото работно опркужување за работа е всушност стерилното и среденото до перфекција. Поголема штета врз менталната енергија би почувствувала индивидуата која е принудена да работи во организирана средина, а која природно подобро функционира во хаос, за разлика од спротивниот случај – да втурнете во хаос индивидуа која е навикната да работи во беспрекорен ред. заборавете на минимализмот и уредете го бирото онака како што вам ви одговара. Рамки со слики, цвеќе, потсетници, цртежи… буквално се што ви ја разигрува канцеларијата е дозволено. Оставете го вашиот индивидуален печат на работното место и продуктивноста рапидно ќе порасне. Но, одржувајте го работниот простор чист! Правете разлика помеѓу креативен хаос и водење хигиена. Остатоци од храна по работното биро се неприфатливи и за менталната енергија, но и за здравјето.
Премногу сте зависни од технологија
Мобилните телефони ни се секогаш на дофат во текот на денот, а во текот на ноќта перницата повторно ја делиме со нив. Постојаното користење на паметните уреди може да предизвика сериозно оштетување на нивото на ментална енергија. Истражувањата на Универзитетот во Илиноис покажуваат дека константното користење на телефонот може да доведе до истоштеност, анксиозност и депресија. Можеби е време да размислите за 30-дневен дигитален детокс. Првиот ден водете дигитален дневник (во пишана форма!) за тоа колку пати го проверувате телфонот и зошто го правите тоа. Обележете ги со црвен маркер сите оние случаи кога непотребно сте го чепкале телефонот и во практика потрудете се да ги прескокнете тие непотребни дружби со мобилниот. на пример, поставете си забрана за користење каков било паметен уред најмалку еден час после работа, особено ако работите пред компјутер.
Што ви ја црпи емоционалната енергија?
Вашите негативни пријатели
Ако се послужиме со модерна терминологија, тогаш овие луѓе би ги нарекле „емоционални вампири“, кои по дефиниција се луѓе кои ви ја цицаат емоционалната енергија при секоја средба. Како подобро да ги препознаете? Тоа се они луѓе кои очекуваат да им удоволувате (секогаш тие ги диктираат условите за средба) за на крај пак да се незадоволни. Имаат постојана потреба да се во центар на внимание, па често се лутат и се навредуваат дури и кога се обидувате да им дадете комплимент. Истовремено, имаат константни поплаки за нивниот живот, работа, здравје.
Кога се наоѓате во друштво на вакви личности, имате само две опции на располагање, или да прекинете секаква комуникација или да направите паметна распределба на време што го поминувате со нив. Ако во нормални услови се очекува да вложувате 80% од вашето време и енергија во има на пријателството, а само 20% да зачувате за себе, кога станува збор за емоционалните цицачи на енергија правилото е обратно.
Постојатно сте мета на критика
Често паѓате во замката на себеанализа и преиспитување на своите постапки поради честите критики што ги добивате од одредена личност? Таа личност може да е вашиот претпоставен, некој пријател, роднина, па дури и партнерот. Чувството на емоционална истоштеност е неизбежно при услови на постојан критицизам. Притисокот да ги задоволите барањата и идеалите на некој кој никогаш нема да биде задоволен од вас, може да биде погубно за емоционалната енергија. Колку и да звучи сурово, реалноста е дека мора да прифатите дека личноста нема да се смени. Ова ви звучи како лош совет? Напротив, луѓето се онакви какви што се и тоа нема никаква врска со вас. не можете да влијаете на критичарот во вашиот живот, така само си го губите времето. Многу повеќе можете да влијаете на начинот на кој ги перцепирате нештата, затоа почнете оттаму.
Престимулирани сте
Никој не сака да патува сам, а притоа да нема книга покрај себе за да го спаси од досада – инаку што би правеле со себе тие неколку часа? Според д-р Санди Мен, професор по психологија на Универзитетот во Централен Ланкашир и автор на книгата “The upside of downtime“, постојаната потреба за некаква занимација и стимулација е исцрпувачка за вашата емоционална енергија.
„постојано сме во потрага по нови искуства“, вели д-р Мен. „Во првиот момент кога имате слободно време ве напаѓа страв од досада и веднаш се оптоварувате што ново да направите. Вашиот центар за награда во мозокот е стимулиран и се соочувате со допамински шок. но, шокот создава зависност – колку повеќе допамин добивате, толку повеќе ќе сакате.“ И тука настапува исцпеноста! Одвојте 15 минути во денот за правење ништо. Научете се да бидете сами со себе во буквална смисла на зборот.