Ова е книга со порака, порака која е наведена во насловот и честопати низ целата книга. Ќе научите како да ги смирите своите фрустрации и како да го замените своето фрустрирачко однесување со мотивирачко и со позитивно дејствување. Освен ова, ќе прочитате и за психолошките концепти на мотивацијата, проблемите со однесувањата кај децата, наградата и казната во социјализацијата, методот за контрола во однесувањето и др. Ќе бидете инспирирани да го замените бесцелното однесување со суштински промени со кои ќе станете најдобра верзија на себе.