Што во слободно време? Ladies First, ТВ-серија

Што во слободно време? Ladies First, ТВ-серија

Модерна комедија со сатиричен пристап кон односите меѓу мажите и жените. Приказната следи самоуверен маж со застарени ставови, кој одеднаш се наоѓа во матријархално општество каде правилата се целосно спротивни од оние на кои е навикнат.

Соочен со женска верзија од самиот себе и свет во кој жените ја имаат главната моќ, тој почнува да ги преиспитува сопствените убедувања и однесување. Во главните улоги настапуваат Саша Барон Коен и Розамунд Пајк, а филмот носи комбинација од хумор, социјална сатира и современа критика на родовите стереотипи.