Ако сте фанови на безвременските цртани на Волт Дизни, тогаш ќе ве израдува последната филмска адаптација посветена на Мулан, девојката воин. Со цел да го осветли образот на својот татко кој е престар да се бори, Мулан ќе ги прелаже сите дека е машко и ќе застане во првите борбени линии. Патем, ќе успее да ја прифати својата женственост и ќе го открие највозвишеното чувство наречено љубов. И цртанот и филмот носат силна феминистичка порака што ќе сакате вашите девојчиња да ја запомнат.