Што во слободно време? Погледнете филм Air

Што во слободно време? Погледнете филм Air

Уште едно филмско остварување за неповторливото филмско дуо составено од Бен Афлек и Мет Дејмон. Овој пат ги здружија своите таленти во биографскиот, спортски, драмски филм посветен за настанувањето на култните патики „Air Jordan“. Во филмот е прикажана целата идеја на компанијата Nike да ги здружи силите со легендарниот кошаркар Мајкл Џордан. Одличен филм за целото семејство кој поттикнува и инспирира. Париките познати како „Џорданки“ до ден-денес се едни од најбараните модели на пазарот, а приказната за нивната доминацијиа и на модната и на спортската сцена е автентично пренесена под режисерската палка на Бен Афлек.