Уште едно од многуте успешни филмски остварувања на Лијам Нисон, овојпат во улога на чесен крадец во акциониот филм „Honest Thief“. Тој е професионален ограбувач на банки кој одлучува да го смени текот на својот живот и да стане чесен човек. За да ја намали затворската казна која му следува, склучува зделка со двајца полициски агенти и се согласува во целост да ги исплати парите што ги украл. Но, планот не оди по зацртаното! Агентите го местат за убиство и тој е принуден да бега со цел да ја изнесе правдата на виделина.