Што во слободно време? Погледнете филм Honest Thief

Што во слободно време? Погледнете филм Honest Thief

Уште едно од многуте успешни филмски остварувања на Лијам Нисон, овојпат во улога на чесен крадец во акциониот филм „Honest Thief. Тој е професионален ограбувач на банки кој одлучува да го смени текот на својот живот и да стане чесен човек. За да ја намали затворската казна која му следува, склучува зделка со двајца полициски агенти и се согласува во целост да ги исплати парите што ги украл. Но, планот не оди по зацртаното! Агентите го местат за убиство и тој е принуден да бега со цел да ја изнесе правдата на виделина.