Што во слободно време? Погледнете филм, Napoleon

Што во слободно време? Погледнете филм, Napoleon

Светот едвај дочека да го види Наполеон под режисерската палка на Ридли Скот, кој главната улога му ја додели на оскаровецот Хоакин Феникс. После успехот на Гладијатор кој се закити со 5 оскаровски статуетки, режисерот одлучи да прикаже уште еден историски еп за животот, подемот и падот на францускиот император Наполеон Бонапарта.

Освен Расел Кроу, режисерот повтори многу од актерите кои се појавија во Гладијатор, и очигледно не погреши. Низ призмата на Наполеоновиот однос со царицата Жозефина, кој од страст честопати преминувал во насилство, е прикажан моќниот карактер на императорот кој никогаш не сонувал дека ќе освои толку многу територии.