Лиза (ја толкува Емили Блант) сонува за подобар живот за себеси и за својата ќерка. Спремна да направи сè за да го подобри текот на нивниот скромен живот, таа ќе прифати да работи за банкротирана фармацевтска компанија. Лиза ќе успее, ќе заработи многу пари, ќе обезбеди нов живот за себе и за своето дете.
Компанијата ќе остварува вртоглава продажба од месец на месец, но зад убавата приказна се крие тежок криминален заговор за кој младата жена не е свесна. Со Крис Еванс и Енди Гарсија во главните улоги, филмот прикажува една сурова реалност низ која поминуваат илјадници луѓе во потрага по здрав и долг живот.