Што во слободно време? Погледнете филм, Spirited

Што во слободно време? Погледнете филм, Spirited

Ако сте љубители на мјузикли, тогаш овој Божиќ резервирајте го за најновата семејна комедија. Филмот е всушност музичка верзија на приказната на Чарлс Дикенс за скржаниот мизантроп кој е однесен на магично патување со цел да се промени. Рајан Рејнолдс го толкува скржавиот човек кој ги третира сите околу себе со страшна себичност.

Одеднаш, тој се наоѓа во фантастична авантура во трите фази на времето: минатотот, сегашноста и иднината, за да открие како завршил толку мизерен и сам. Вил Ферел го толкува духот на Божиќниот подарок кој секој Божиќ одбира по една темна душа која треба да се трансформира. Дали трансформацијата ќе тече по планот?