Познатиот цртан филм на Волт Дизни, „Малата принцеза“, конечно доби своја филмска адаптација. Светот го дочека филмот со воодушевување, иако на почетокот имаше поделени мислења околу изборот на актерката која ја толкува малата сирена Ариел. Причината за тоа е темната кожа на младата актерка и пејачка Хали Бејли, но нејзиниот извонреден перформанс ги убеди разочараните фанови дека сепак Дизни не згреши во изборот.
Сторијата на филмот е идентична како и на цртаниот филм, младата сирена го подарува својот глас со цел да добие нозе и да го види светот надвор од морето каде ја чека нејзиниот принц.