Што во слободно време? Погледнете филм Wild

Што во слободно време? Погледнете филм Wild

Ова е филмска адаптација на истоимената книга на Шерил Стрејд од 2012 година. Рис Витерспун ја толкува авторката која по разводот и смртта на мајка си, одлучува да се бори со загубата пешачејќи по една од најубавите планински рути, патеката на Пацификот Крест Трејл. Одлуката да планинари сосем сама, 1.600 километри долж американскиот западен брег, е само првиот предизвик. Низата ментални пречки со кои ќе се соочи патем, ќе ја подготват за нов посреќен живот.