Што во слободно време? Погледнете ТВ серија, After Life

Што во слободно време? Погледнете ТВ серија, After Life

Тони има совршен живот кој ќе се сруши откако неговата сопруга Лиза ќе умре. По тој трагичен настан, некогашниот мил и културен човек ќе се смени. После неколку обиди да си го одземе животот, Тони сепак ќе одлучи да живее доволно долго за да го казни светот со тоа што ќе биде сурово искрен и слободен да прави што сака.

Неговото ново однесување е неговата суперсила – тој повеќе не се грижи за себеси или за кој било друг. Но, нештата ќе станат понезгодни од тоа што Тони замислил, бидејќи неговите пријатели и семејството ќе се обидат да го спасат добриот човек што некогаш го познавале. Добитникот на „Златен глобус“, Рики Џервејс, ја толкува главната улога во оваа уникатна хумористична серија што ќе ве освои уште од првата епизода.