Што во слободно време? Погледнете ТВ серија Anatomy of a scandal

Што во слободно време? Погледнете ТВ серија Anatomy of a scandal

Привилегираниот живот на Софи (ја толкува Сиена Милер) како сопруга на моќниот политичар Џејмс, тргнува по надолен правец откако во јавноста ќе одекне скандалозна тајна. Џејмс ќе биде обвинет за шокантно злосторство – сексуално злоставување.

Софи е цврсто убедена во невиноста на својот почитуван и угледен сопруг, се додека јавната обвинителка не ја извади и последната карта за да докаже дека е виновен. Психолошки трилер кој преку возбудливата драма во судницата го прикажува животот на британската елита исполнет со лични и политички скандали, каде што вистината лежи помеѓу правдата и привилегиите.