Ако сте љубители на криминални теми, тогаш погледнете ја серијата што го зарази светот. Серијата го прикажува животот на мудрата и амбициозна жена од Колумбија, Гризелда Бланко, која во 70-тите и 80-тите го создала еден од најпрофитабилните нарко картели во историјата. Таа била посветена мајка која поседувала смртоносен шарм и доза дивјаштво, па затоа успешно ги водела и бизнисот и семејството. Главната улога на таканаречената Црна вдовица ѝ припадна на Софија Вергара. „Гризелда Бланко беше лик поголем од животот чија немилосрдна, но генијална тактика ѝ дозволи да владее со империја вредна милијарди долари и тоа многу пред времето на озлогласените машки кумови за кои толку многу знаеме“, изјави актерката.