Што во слободно време? Погледнете тв серија Space Force

Што во слободно време? Погледнете тв серија Space Force

Хумористична серија која заслужува да ѝ дадете шанса. Со фантастичниот Стив Карел во главната улога, мали се шансите да не се расположите. Хуморот во серијата е инспириран од актуелните политички случувања во САД. Група луѓе имаат задача да го основаат новиот орган на вооружените сили на Соединетите Американски Држави – таканаречените Вселенски сили. На хумористичен начин е прикажан обидот да се милитаризира вселената пред остатокот од светот. Задачата му е доделена на генералот Марк, го толкува Стив Карел, кој го напушта своето семејство и ја започнува својата мисија во оддалечената база во Колорадо.