Нова филмска адаптација на култниот роман „Оркански височини“ со Марго Роби и Џејкоб Елроди во главните улоги. Приказната се одвива во Англија во 18 век и ја следи бурната и трагична љубов меѓу Кетрин и Хитклиф – две личности кои растат заедно, се сакаат опсесивно, но општествените разлики и погрешните избори ги разделуваат.
Кога Кетрин ќе се омажи за богат маж, Хитклиф исчезнува, а по неколку години се враќа богат и решен на одмазда. Нивната љубовна приказна се претвора во приказна за страст, љубомора, болка и љубов што трае и кога е невозможно.
