Спелта

Спелта

Житарка која е многу слична на пченицата, но сепак настнала со природно вкрстување без употреба на генетрски инженеринг. Се наоѓа на врвот на лситата најздрави житарки, а има специфичен вкус на јаткасти плодови. Пченицата долго време ја засени спелтата, но со поткревање на свеста за здрава исхрана, таа одново се врати на менито. Во однос на нутривниот состав, спелтата е многу побогата со витамини и минерали во однос на обичната пченица.

Желудникот многу лесно ја поднесува и ја вари, па затоа им се препорачува на луѓето со гастроинтестинални проблеми. Спелтата ги содржи сите витамини од Б групата, со исклучок на Б12, и има двојно повеќе калциум, магнезиум, фосфор и селен во однос на другите житарки. Бидејќи има силни прехранбени својства, спелтата во многу култури се користи како житарка за враќање на силата и за опоравување после болести или голем напор. Содржи јагледхидрати, растителни влакна и протеини – 80 проценти од нив се глутен. Редовното консумирање спелта, најчесто во облик на брашно, го намалува ризикот од гојазност, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.