Каде и да се свртиме , секаде се пишува, се говори, се дискутира за стресот, за неговото влијание врз нас, како да го намалиме, како да се справиме со него и многу важно да научиме како да живееме со него како дел од нашето секојдневие без да влијае негативно врз нас.
Стресот може да го дефинираме како една физичка, физиолошка и психолошка реакција на организмот која е резултат на одреден стресор (дразба) која може да биде од различно потекло. Стресорите најчесто се од психолошка природа и се непријатни како конфликти со други луѓе, промена на работно место, губење на блиска личност, финансиски проблеми, губење на работно место, болест и нарушено здравје, прекин на емоционална врска и др., но и пријатни настани кои се случуваат ненадејно и ја ставаат личноста во неизвесност и со неможност за соодветен одговор кон самата ситуација.
Човечкиот организам одговара на стресот со активација на автономниот нервен систем, оската хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда и лачење на стрес хормоните кортизол и адреналин кои се одговорни за бројните симптоми кои се појавуваат при стрес. Мал стрес може да биде корисен, подобрувајќи ги спортските перформанси, мотивацијата, побрзо мислење и решавање проблеми, реакциите на една личност кон настаните во околината. Но, долготрајната изложеност на стрес особено со зголемен интензитет може да доведе со сериозни здравствени проблеми како депресија, анкиозност, кардиоваскуларни, гастроинтестинални, мускулноскелетни, невролошки болести, сексуална дисфункција, менструални проблеми кои значително го нарушуваат квалитетот на животот на човекот.
Силната врска помеѓу нашиот ум и нашето тело може да ја увидиме токму преку влијанието на стресот врз нас.
Стресот има повеќе лица, многу е важно да направиме една дистинкција на симптомите, соодветна проценка дали стресот е одговорен за нивната појава или е нешто повеќе од тоа, бидејќи многу симптоми кои вообичаено се препишуваат на други состојби, можат да значат и некакви здравствени проблеми.
Физички: ицрпеност, главоболка, изнемоштеност, недостиг на енергија, мускулна вкочанетост и тензија, болки во грб, вознемирен стомак, тахикардија, замор, сува уста;
Емоционални и когнитивни: намалена концентрација, загрижност,лоши мисли, лошо расположение, иритабилност, несоница, неорганизираност,фрустрираност и демотивација;
Бихејвиорални: алкохолизам , употреба на дрога, социјална изолација, промена во апетитот, отсуства од работа и др.
Клучен елемент е личното доживување т.е интерпретацијата на стресогениот фактор и самиот стрес. Две различни индивидуи различно реагираат на еден ист стресоген фактор, кај некој може да доведе до бурна реакција, а кај друг нема да се појави ни загриженост.
Како да го менаџираме стресот?
Ефикасното справување со стресот води до поизбалансиран, попродуктивен и поздрав налин на живот и воспоставување на емоционална рамнотежа. Тоа може да се постигне преку идентификација на стресогените фактори, вежбање ( возење велоспиде, трчање, јога), здрава исхрана и редовни оброци, добри навики на спиење од 8 часа, добро менаџирање на времето и обврските, минување време со личности кои прават да се чувствувате пријатно и безбедно и сл.
Но, понекогаш сите овие техники не се доволни и организмот ги надминува своите капацитети и одбрамбени механизми за адаптација констресот. Во тие моменти е потребна фармаколошка терапија. Повеќето фармаколошки препарати било да се на природна основа, комбинации на витамини или лекови како анксиолитици и антидепресиви, вообичаено се фокусирани кон еден или неколку симптоми на пример само кон физичките симптоми или само кон психолошките симптоми. Еден идеален фармаколошки препарат би бил оној кој би имал двоен ефект како на физичките така и на психичките симптоми про стрест, би имал безбеден профил и без несакани ефекти. Препарат кој во својот состав има екстракт од растението Rodiola rosea, чија активна супстанца е salidrozide, кое делува како адаптоген, може да ги задоволи овие услови и за кој постојат бројни студии ,има способност да ги нормализира фукнциите во телото, да ги зајакне системите афектирани од стресот и да ја зголеми отпорноста на организмот кон стресот, исцрпеноста и слабоста. Тоа го прави преку нормализирање на синтезата на кортиозол.
Постојат бројни клинички студии во кои се покажала ефикасноста, добрата толеранција и безбедност на овој екстракт. Се покажало клинички значително подобрување на менталната способност, работните перформанси, вниманието, намалување на умерената аксиозност при терапевтскиот третман од 4 недели.
Со оглед на тоа што стресот е нашиот вечен сопатник, потребно е да направиме една добра комбинација на ‘терапија’еден траен начин за негова контрола преку промена на животните навики и употреба на фармаколошки третман доколку е потребно, се со цел да се избегне негативното влијание на стресот врз нашиот организам.