Строганов бифтек

Строганов бифтек

Потребни состојки:

  • 75 г путер
  • 1 кромид, ситно сечкан на листови
  • 150 г шампињони, ситно сечкани
  • 2 лажици доматно пире
  • 1½ лажичка Дижон сенф
  • ½ лажичка лута димена пиперка
  • 110 мл говедски бујон
  • 500 г бифтек, сечкан на ленти
  • сол и свежо мелен црн пипер
  • 150 мл коњак
  • 200 мл кисела павлака
  • 2 лажици свеж магдонос

Подготовка:

Загрејте ја тавата на силен оган и додајте половина од путерот. Кога ќе почне да се топи и да пени, додајте го кромидот и пржете 2-3 мин. за да омекне. Додајте ги печурките и гответе уште 1-2 мин. Додајте ги доматното пире, сенфот и димената пиперка и гответе уште 1 мин. Истурете го говедскиот бујон и оставете да зоврие, па намалете ја температурата и динстајте 3-4 мин. Зачинете со сол и свежо мелен црн пипер.

Во посебна тава, стопете го преостанатиот путер. Штом почне да пени, додајте го месото и пржете 2-3 мин. за да потемни од двете страни. Сипете го коњакот и внимателно оставете да се запали во тавата (ВАЖНО: проверете да не случајно има запалливи материјали над тавата). Во мешавината со кромид и печурки додајте ја киселата павлака и убаво измешајте. Штом стивнат пламените, додајте го месото во мешавината со печурки и кисела павлака и гответе уште 1 минута. Одново зачинете со сол и црн пипер и додајте магдонос. Во прилог на бифтекот послужете рестуван компир.