Супа од печурки и пилешко

Супа од печурки и пилешко

Потребни состојки:

  • 200 г пилешко месо од готово пиле или стек
  • 2 моркови
  • малку целер
  • 2 чешни лук
  • 500 г печурки
  • 1 главица кромид
  • 250 мл пилешки бујон или сварена коцка супа
  • 1 чаша нискомаслено млеко
  • 1 или 2 чаши вода (густина по желба)
  • сол, црн пипер и мајчина душица

Подготовка: 

Ситно исечкајте ги кромидот, лукот, морковот и целерот, и пропржете ги на малку масло во тенџерето каде што ќе се вари супата. Штом малку зарумени зеленчукот, додајте ги сечканите печурки и тие да се пропржат. Оваа супа е највкусна ако се приготвува со месо од готово пиле, но ако користите свеж стек, тогаш исечкајте го и ставете го да се пропржи заедно со зеленчукот и печурките, па додајте ја водата. Потоа, додајте го млекото заедно со зачините и пилешкиот бујон. Оставете ја супата да проврие, а потоа тргнете ја од оган.