Потребни состојки:
- 200 г димен лосос
- 400 г компир
- 1/2 праз
- 3 моркови
- 2 ловорови листови
- 1 лажица копар
- 1 рибина коцка за супа
- 100 мл неутрална павлака (хопла)
- 100 мл вода (најмалку)
- 4-5 гранчиња магдонос
- 30 г путер
Подготовка:
Празот, компирот и морковите исечкајте ги на ситни коцки. Растопете го путерот во тенџере за супа и ставете го празот да се пржи на тивок оган. Штом празот омекне, ставете го останатиот зеленчук да се пропржи сосема малку. Сипете вода, ставете ги ловоровите ливчиња и рибината коцка за супа.
Поклопете го тенџерето и оставете го зеленчукот да се вари. Штом зеленчукот омекне, ставете ги парчињата лосос и непрекинато мешајќи, сипете ја хоплата. Зачинете ја супата и сосема на крај ставете ги свежиот копар и магдоносот. Варете ја супата уште 4-5 минути и тргнете ја настрана. Послужете со парче топло интегрално лепче.