Потребни состојки за суперсупа од блендер:
-
4 краставици, излупени и исечкани на коцки
-
1 чешне лук
-
1 авокадо
- 100 мл вода
-
200 мл јогурт
-
3 лажици сок од лимон
-
2 млади кромитчиња
-
Неколку листови нане
-
Хималајска сол
-
Црн пипер
Подготовка:
Во блендер ставете ги краставиците, авокадото, лукот, јогуртот, сокот од лимон и водата и блендирајте додека да добиете кремава текстура. Додадете го младиот кромид сечкан на тркалца и неколку ливчиња нане, па уште еднаш сѐ заедно блендирајте. Зачинете, додадете уште малку сок од лимон и веднаш сипете си една чинија. Оваа супа се сервира ладна.
За повеќе рецепти кликнете тука.