Потребни состојки за тесто:
- 18 големи корнети за сладолед
- ½ лажичка сол
- 2 кафени лажици мед
- 85 г путер
Состојки за фил:
- 45 г лешници
- 45 г јаворов сируп или мед
- ¼ лажичка сол
- 400 мл слатка павлака
- 150 г темна чоколада
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во блендер ставете ги корнетите и солта и блендирајте за да добиете фино брашно. Потоа, додајте ги стопениот путер (оладен) и медот и блендирајте за да добиете хомогена смеса. Распоредете го тестото во сад за тарт и печете го околу 25 мин. Измешајте ги лешниците, шеќерот и солта во 60 мл вода. Ставете ги на оган да вријат 1 мин. Потоа, ставете ги на хартија за печење и печете ги околу 15 мин. Во сад со средна големина ставете 170 мл слатка павлака да зоврие, потоа тргнете ја од оган и додајте ја чоколадата. Оставете да постои 5 мин., а потоа убаво измешајте и оставете да се олади на собна температура. Во голем сад матете го остатокот од слатката павлака за да добиете цврст крем, а потоа соединете го со чоколадната смеса. Сипете го филот врз изладеното тесто, а озгора наросете со сечкани лешници. Ставете го тартот да отстои 1 час во ладилникот.