Тестенини со печурки, жалфија и ореви

Тестенини со печурки, жалфија и ореви

Потребни состојки:

  • 340 г тестенини по избор
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици путер
  • 3 чешни лук
  • 10-12 сечкани листови свежа жалфија
  • 450 г печурки
  • 240 мл неутрална павлака (хопла)
  • 50 г рендан пармезан
  • 60 г јатки по избор, тостирани и сечкани
  • 2 раце млад спанаќ
  • сол, црн пипер и прстофат морско оревче

Подготовка:

Сварете ги тестенините според упатството. Во голема тава загрејте 1 лажица маслиново масло и 3 лажици путер на средна топлина. Додајте ги столчениот лук и сечканите листови жалфија. Пржете 2-3 минути додека да се спојат вкусовите. Додајте ги исечканите печурки и пржете додека не поруменат. Истурете ја густата павлака и гответе 5-7 минути, додека сосот малку не се згусне. Додајте го ренданиот пармезан и мешајте додека не се растопи и соедини. Зачинете со сол, црн пипер и прстофат морско оревче. Додајте ги сварените тестенини во тавчето со сосот и убаво промешајте. Ако сосот е премногу густ, сипете од водата во која се вареа тестенините. Сосема на крај, додајте ги спанаќот и сечканите јатки и убаво промешајте за да се соединат тестенините со сосот. Послужете и посипете со пармезан и сечкани јатки за крцкав ефект.