Потребни состојки:
- 450 г ригатони (или други тестенини по избор)
- 250 г пире од тиква (печена или варена)
- 2 чешни лук (ситно сечкани)
- 250 мл крем за готвење (хопла)
- 250 мл зеленчуков или пилешки бујон
- 1-2 лажички крупна сол
- малку цеден лимон
- 30 г путер
Состојки за крцкавите ореви:
- 120 г сечкани ореви
- 1 гранче ситно сечкан свеж рузмарин
- 1 лажица стопен путер
- 1-2 лажици кафен шеќер
- ½ лажичка крупна сол
- црн пипер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Исечкајте ги оревите додека не добијат ситна текстура, истурете ги во мала тава и печете 8-10 минути. Извадете ги од рерната и измешајте ги со рузмарин, путер, шеќер, сол и црн пипер. Оставете ги настрана да се оладат. Варете ги тестенините според упатството на пакувањето. Додека се варат тестенините, загрејте го путерот во тава на ниска температура. Додајте го лукот и пржете додека не стане ароматичен (не пржете го премногу за да не биде горчлив). Додајте ги пирето од тиква и бујонот и оставете сосот да крчка на тивко за состојките убаво да се соединат. Додајте хопла и сол и продолжете да варите додека сосот не се згусне. Додајте малку лимонов сок по желба. Измешајте ги сварените тестенини со сосот. Сервирајте ја пастата во плитки чинии, а озгора посипете со крцкавите ореви.