Шитаке печурки
Содржат бета-глукан за кој се верува дека го стимулира имуниот систем и се бори со инфекциите.
Ракчиња
Ракчињата, и поголемиот дел од морската храна, се богат извор на цинк – еден од најважните минерали за имунитетот. Вегетаријанците може да јадат семки од тиква, бидејќи и тие се богати со цинк.
Слатки компири
Богати се со бета-каротен, антиоксидант за кој се вели дека ја засилува функцијата на клетките и го поттикнува имунитетот.
Чај
Студијата на Универзитетот „Харвард“ откри дека луѓето кои пијат 5 шолји црн чај дневно, количина во рамките на пропишаниот кофеин во денот, за само две недели имале 10 пати повеќе интерферон (антивирусен протеин) во крвта.
Јогурт
Освен што ќе ве обезбеди со цинк и витамин Д, јогуртот содржи пробиотик кој се бори со бактериите. Студијата во „Annals Of Nutrition & Metabolism“ откри дека луѓето кои секојдневно пијат чаша јогурт имаат 25 % помали шанси да закачат настинка или грип.
Се прејадовте?
Родендени, празници, семејни ручеци во недела, куќни слави… се чини дека во зима има премногу мотиви за прејадување. Последиците на сите ни се познати: киселини во желудникот, подуеност, забавена дигестија. Еве го планот за спасување…
Тревките се вашите пријатели. Чајот од нане ги дисперзира гасовите, анасонот ја поттикнува дигестијата, ѓумбирот го стивнува гадењето.
Млекото е природен лек против киселини, јогуртот содржи пробиотик што ќе му помогне на дигестивниот систем да го врати балансот.
Хранете се едноставно. Одморете го желудникот така што 2-3 дена ќе јадете свеж зеленчук, житарки со цело зрно, посни протеини.
Во просек, од настинки се разболуваме од 2 до 5 пати годишно, со тоа што секоја настинка трае околу една недела. Тоа се 200 настинки и цели 3 години од животниот век потрошени во кивање и дување нос.