Тост со мед и ореви

Тост со мед и ореви

Потребни состојки:

  • 3 лажици ореви
  • 2 парчиња интегрален леб
  • 3 кафени лажици грчки јогурт
  • 2 кафени лажици мед
  • неколку зрна боровница

Подготовка:

Исечкајте ги оревите. Тостирајте ги парчињата леб, па премачкајте ги со мед додека се топли. Озгора нанесте го грчкиот јогурт, а врз него распоредете ги оревите и зрната боровница. Озгора, врз секое лепче, нанесте уште малку мед.