Вегански пунч

Вегански пунч

Потребни состојки:

  • 500 мл бадемово млеко
  • 1 стапче цимет
  • 1/2 кафена лажица мака во прав
  • 1/2 ванила стапче
  • малку мелено морско оревче
  • 2 лажички мелени бадеми во прав
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажички нишесте

Подготовка:

На умерена температура, загрејте го бадемовото млеко заедно со циметот, маката во прав, стапчето ванила, бадемите во прав и екстрактот од ванила. Штом состојките стасаат до точка на вриење, отстранете ги стапчињата од цимет и ванила, па постепено додавајте нишесте додека добиете густа смеса. Доколку смесата е премногу густа, сипете уште малку бадемово млеко. Декорирајте со цимет во прав.