Потребни состојки за тесто:
- 300 г тиквички
- 1 кромид
- 60 мл маслиново масло
- 60 мл лимонов сок
- 2 лажици квасец
- 1 лажичка хималајска сол
- 240 г овесни снегулки
- 100 г мелено ленено семе
- 130 г кокосово брашно
Состојки за сос:
- 160 мл маслиново масло
- 1 лажица микс од зачини (босилек, оригано, мајчина душица)
- 2 лажички сув лук
- 1 лажичка кумин
- 1 лажичка чили
- ½ лажичка хималајска сол
Состојки за фил
- 1 голем морков
- 1 голема црвена пиперка
- 1 црвен кромид
- 300 г шери домати
- 200 г шампињони
- 100 г броколи
- 100 г сос од домати
- 100 г солено сирење
Подготовка:
Измешајте ги состојките за сос во длабок сад, додајте го зеленчукот и сè убаво измешајте за да се соединат вкусовите. Наредете го зеленчукот на хартија за печење и дехидрирајте го во рерна на 48 степени 2 до 4 часа. Измешајте ги состојките за тестото, а на крај додајте ги овесот, меленото ленено семе и кокосовото брашно. Користете лажица за матење или послужете се со миксер. Смесата поделете ја на 2 дела, направете форма на тенок круг и ставете го тестото на хартија за печење. Премачкајте ги пиците со доматен сос, а потоа ставете го филот од зеленчук. Печете 10 минути на претходно загреана рерна на 200 степени. 2-3 минути при крај на печењето, поросете ги пиците со сирење. Послужете ја пицата со маслинки и свеж босилек.