Потребни состојки:
- 230 гр омекнат путер
- 150 гр шеќер
- 1 кафена лажица екстракт од ванила
- ½ кафена лажица крупна сол
- 1 белка од јајце (поголемо)
- прехранбена боја по избор
- 450 гр сенаменско брашно
Подготовка:
Матете го путерот и шеќерот додека да добиете кремаста смеса, околу 2 минути. Додадете ја ванилата, солта и белката. За да добиете розови зајчиња, капнете 1-2 капки од црвената прехранбена боја. Намалете ја брзината на миксерот и постепено сипете го брашното. За секое зајче, превртете 1 лажица тесто помеѓу дланките за да добиете овална форма. Со ножици изведете ги легнатите ушиња, а со чепкалка направете очи. Колачите ставете ги да се здрват во ладилникот околу 1 час. Загрејте ја рерната на 250 степени и печете ги колачите додека да добијат златнокафена боја, околу 25 мин.