Витаминска супа

Витаминска супа

Потребни состојки:

  • 1 средна главица брокола
  • 1 страк праз
  • 1 врзоп блитва
  • 100 гр млад спанаќ
  • 1 голем морков
  • 1 главица кромид
  • 2 млади лукчиња
  • ½ шолја тарана, булгур, киноа или друг вид зрно по желба
  • сол, бибер, куркума, ѓумбир во прав

Подготовка:

Многу ситно исечкајте го сиот зеленчук или послужете се со процесор за храна. Иситнетиот свеж зеленчук ставете го во тенџере да се пропржи на малку маслиново масло. Штом зеленчукот почне да испушта арома и да ја менува бојата, сипете 600 мл вода. Зачинете ја супата со зачините, но бидете внимателни со ѓумбирот бидејќи лути, доволно е само прстофат. Варете ја супата 10 минути, па додадете ги зрната за кои се одлучивте. Варете ја супата додека зрната омекнат.