Воспалена кожа

Воспалена кожа
Поттикнувач број 2 – вашиот режим за нега

Пенливи лосиони за миење лице
Сулфатите (состојките кои ја создаваат пената) ја загрозуваат природната бариера на кожата, дозволувајќи им на нечистотиите и бактериите лесно да продрат и да создадат слободни радикали. Затоа, мијте го лицето со кремави формули и плакнете го со студена вода (топлата вода ја влошува состојбата со кожата).

Алатки за чистење лице
Доколку не ги употребувате соодветно или ги користите пречесто, четките и ролерите за чистење лице и ексфолијација ќе создадат микроранички по кожата налик на солзи. Со време, кожата ќе се истенчи, ќе стане чувствителна и црвена. Задолжително следете го упатството за употреба на алатките, не притискајте премногу и плакнете со многу вода.

Парфимирани производи
Синтетичките мириси ја прават кожата чувствителна, како парабени и фталати кои се одговорни за воспаленијата. Барајте „fragrance free“на етикетите, но нека не ве збунува она „unscented“ што во превод значи формула без мирис, но не и без синтетички супстанции.

Пилинг
За пилинг кој нема да донесе повреди на кожата, неопходно е трепение и време. За да го намалите ризикот од повреди, користете формула кој се базира на киселина наместо пилинзите кои ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата, со помош на крупни гранули.