Здрав колач со суво овошје

Здрав колач со суво овошје

Потребни состојки:

  • кора и сок од 1 портокал
  • 1 шолја суво грозје
  • 1 шолја рибизли
  • 1 шолја брусница
  • 1 шолја сечени бадеми
  • 3 шолји бадемово брашно
  • 2 мали, зрели банани (200 грама)
  • 10 урми, без семки
  • 2 лажички мешан зачин (анасон, морско оревче, цимет)
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1/2 лажичка мелени каранфилчиња
  • 1/2 лажичка природен ванила екстракт
  • прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Подмачкајте калап за торта со дијаметар од 18 см. Ако користите обичен калап, обложете го со хартија за печење. Ставете ги кората, сокот од портокал, сувото грозје, рибизлите, брусницата и бадемите во тенџере. Загрејте додека сокот не почне да врие. Намалете ја температурата и варете на тивко 5-10 минути, повремено мешајќи. Во процесор за храна ставете ги бадемовото брашно, бананите, урмите, зачините, ванилата и солта.

Блендирајте на висока брзина додека не добиете мазна и густа смеса. Додајте ја смесата од сувото овошје и убаво измешајте. Истурете ја смесата во подготвениот калап и со влажни раце израмнете ја површината. Печете 30 минути, потоа покријте го колачот со фолија и печете уште 15 мин. Извадете го од рерна и оставете го да се олади во калапот 30 минути.