Зелен омлет

Зелен омлет
Потребни состојки за подговотка на зелен омлет:
  • 1/4 авокадо
  • 1 рака свеж спанаќ
  • 2 јајца
  • 2 лажици овес
  • 1 лажица урда
  • 3-4 маслинки
  • 1 домат како прилог

Подготовка:

Во бленде рставете ги јајцата, спанаќот, авокадото и овесот, блендирајте ги состојките. Добиената смеса пржете ја на тефлонско тавче, како да пржите палачинка. Во средина на омлетот додајте ги урдата и маслинките ситно сечкани и преклопете го омлетот на половина. Зелениот омлет послужете го со свеж домат или доматен сос.

За повеќе рецепти кликнете тука.