Потребни состојки:
- 1 средна тиквичка, изрендана
- 1 морков, изрендан
- 1/2 главица кромид, ситно сечкан
- 1 чаша варен наут (или 1 конзерва)
- 2 лажици овесно брашно или интегрално брашно
- 1 јајце
- 1 лажичка кумин
- сол и бибер по вкус
- маслиново масло за пржење
Состојки за сос:
- 150 г грчки јогурт
- 1 лажичка сок од лимон
- 1 лажичка ситно сечкан копар
- 1 чешне лук, ситно сечкан
- сол и бибер
Подготовка:
Изренданата тиквичка исцедете ја од вишокот течност. Во блендер испасирајте го наутот и измешајте го со тиквичката, морковот, кромидот, брашното, јајцето и зачините. Формирајте плескавици и пржете ги на средна температура со малку маслиново масло, околу 3-4 минути од секоја страна. Во сад измешајте ги состојките за сосот. Послужете ги плескавиците со сосот од јогурт и свежа салата.