Зимски чашки со јаболко, цимет и ореви

Зимски чашки со јаболко, цимет и ореви

Состојки:

  • 3 јаболка (рендани или ситно сечкани)
  • 1 лажица мед или јаворов сируп
  • 1 лажичка цимет
  • 50 г мелени ореви
  • 6 листови готови кори
  • путер за премачкување
  • суво грозје – по желба

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги јаболката, медот, циметот, оревите и сувото грозје. Секој лист кора премачкајте го со малку путер (претходно омекнат на собна температура), свиткајте го и ставете го во калап за мафини. Во средина додајте од филот. Печете 10-12 минути на 180°C додека не станат крцкави. По желба, посипете малку мелени ореви одозгора. Одлични се на вкус кога се топли во комбинација со лажица грчки јогурт за свежина.