Потребни состојки:
- 4 јаболка
- 2 лажици кафен шеќер
- 1 лажичка цимет
- 2 лажици мелени ореви
- 1 лажица суво грозје
- малку рум
- цеден сок од лимон
- рендана кора од лимон
- путер
- јаворов сируп
Подготовка:
Измијте ги јаболката и отстранете им ја срцевината. Во сад измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, мелените ореви, сувото грозје (претходно потопено во рум) и лимоновата кора. Со оваа смеса наполнете ги јаболката, а озгора сипете малку јаворов сируп. Наредете ги јаболката во тава за печење во која ќе сипете зовриена вода, колку да ги покриете јаболката до половина. Врз секое јаболко ставете мала коцка путер и печете ги 30 минути на загреана рерна од 200 степени. Декорирајте ги со стапчиња цимет, суво грозје и шеќер во прав.